Нови нереди во Каиро

плоштадот Тахрир

Египетската војска и полиција денеска повторно влегоа во плоштадот Тахрир во Каиро во уште еден обид да ги растераат демонстрантите кои бараат заминување на воените власти. Демонстрантите и претходно беа растерани од плоштадот, но тие набрзо повторно се вратиле. Од почетокот на најновите протести во петокот досега загинале најмалку 15 демонстранти. Војската ја презеде власта во земјата во февруари по неколкудневниот бунт во кој беше соборен претседателот Хосни Мубарак.