ММФ и додели над 500 милиони евра на Романија

Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека и доделил 507 милиони евра на Романија, јавуваат агенциите, додавајќи дека засега Букурешт нема да ги искорити и претпочита да ги чува во резерва. Последната сума била во рамките на заемот од 3,6 милијарди евра, што и беше одобрен на Романија во март годинава. Романската економија западна во рецесијата од 2009 година. Од тогаш Романија постигна добар напредок, изјави заменик генералниот директор на ММФ Дејвид Липтон.