Најмалку 106 новинари биле убиени во светот во 2011

Најмалку 106 новинари биле убиени во светот во изминатава година, соопштува мониторинг организацијата „Прес амблем кампања“ со седиште во Женева. Најмногу новинари биле убиени во Мексико – 12, а во Пакистан биле убиени 11, иако, се додава во соопштението, бројката би можела да биде повисока ако се земат предвид и исчезнатите. Во соопштението се наведува дека 20 новинари биле убиени за време на „Арапската пролет“. Тројца новинари биле убиени во Русија и по еден во Украина и во Азербејџан.