ВМРО-ДПМНЕ - Безидејната опозиција бара интерпелација за Јанкулоска

Mинистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека интерпелацијата што опозицијата ја најави за работата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е резултат на нејзината безидејност и навика да прави што било, само колку да има некакви активности. Министерката Јанкулоска, пак, рече дека е целосна невистина дека на Тито Петковски му бил забранет увид во документацијата од наводното прислушување на Љубе Бошкоски.