Буџетот 2012 на пленарна седница во Собранието

Предлог буџетот за наредната година денеска е пред пратениците. Според владиниот предлог за наредната година буџетот е проектиран на 169 милијади денари, приходите се предвидени на 156,75 милијарди денари, а буџетскиот дефицит е 2,5 проценти од БДП. Растот на БДП е проектиран на 4,5 проценти, а инфлацијата на 2,5 отсто. Предвидено е зголемување на капиталните расходи за 28 отсто.
Клучни владини цели на проектираниот буџет се задржување позитивни стапки на економски раст, подобрување на економската инфраструктура и одржување висок степен на социјална стабилност.
За Предлог буџетот беа поднесени 414 амандмани, од кои во комисиската расправа во Собранието се прифатени три. Претресот по предложениот текст трае најмногу пет дена.