Чешка тагува по Вацлав Хавел

Во Чешка продолжува одавањето почест на починатиот поранешен Претседател Вацлав Хавел. Познатиот дисидент, писател, последен Претседател на Чехословачка и прв на Чешката република ќе биде погребан во петок. Претседателот на Радио Слободна Европа Стивен Корн изјави дека Хавел беше пријател на демократијата, слободата на печатот и основниот дигнитет на сите луѓе. Тој во раните 90 ти години ја покани Радио Слободна Европа да ги префрли своите операции во Прага каде што и денеска е нејзиното главно седиште.