Германската канцеларка Меркел во посета на Косово

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска треба да пристигне во Косово во посета на германските мировници кои служат во таа земја, соопшти германската амбасада во Приштина.
Се очекува Меркел да се сретне и со косовските власти.
Триесетина германски и австриски војници беа повредени на 28 ноември кога стотици Срби се спротивставија на обидот мировниците на НАТО да ги отстранат барикадите поставени во северниот дел на Косово.

Во своето обраќање пред германскиот парламент на 2 декември, Меркел изјави дека
престрелките меѓу војниците на НАТО и Србите на границата со Косово покажуваат дека Србија се уште не е подготвена да биде кандидат за членство во Европската унија.