Самит ЕУ-Украина во Киев

Украина- опозициски активисти го држат знамето на Европската унија со повик да се интегрира земјата во ЕУ.

Во Киев денеска започнува самитот ЕУ -Украина. На самитот се очекува да биде потпишан договор за асоцијација за четири години соработка меѓу двете земји. Односите меѓу ЕУ и Украина ги влоши затварањето на поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко.
ЕУ бара претседателот Виктор Јанукович да ја ослободи Тимошенко, која во октомври беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената должност. Ослободување на Тимошенко ќе биде побарано и денеска пред да се потприше асоцијацијата за соработка.