Почина Ким Џонг Ил

Ким Џонг Ил

Почина лидерот на Северна Кореа Ким Џонг Ил, објави денеска севернокорејската телевизија. Во соопштението се наведува дека тој починал на 17 декември од прекумерна физичка и ментална работа. 69 годишниот Ким Џонг Ил, според извештаите, починал од срцев удар додека патувал со воз. Се верува дека тој во 2008 година претрпел мозочен удар, но аналитичарите сметаа дека неговите последни посети на Кина и на Русија сугерираат дека неговото здравје се подобрило. Веста за неговата смрт доаѓа во време кога Северна Кореа го почна процесот на пренесување на власта врз неговиот син Ким Џонг Ун.