Израел ќе гради нови 1.000 станови на спорните територии

Градилиште во Источен Ерусалим.

Израелското Министерство за домување и градежништво објави тендер за изградба на 1.000 станбени единици во Источен Ерусалим и на Западниот Брег. Портпаролот на министерството, за агенцијата Франс прес изјавил дека на новите живеалишта треба да се гледа како на „продолжение на предлогот од септември Палестина да биде примена во ОН“.

Меѓународната заедница ги смета сите населби на териториите окупирани од Израел по 1967 година за нелегални, без разлика дали се одобрени од израелската влада.