Нови демонстрации и жртви во Каиро

Демонстранти во Каиро.

Демонстрантите во Каиро фрлаат со камења кон полицијата на третиот ден од протестите против воената власт во земјата. Во досегашните насилства загинаа најмалку 10 луѓе, а беше уништена и историската библиотека во која се чува националната архива. Армиските сили затвориле 164 луѓе, меѓу кои и малолетници, соопштуваат воени извори. Уличните битки се воделе во близина на парламентот и владините канцеларии. Демонстрантите бараат воената управа да замине и да им ја предаде власта на цивилите. Насилствата ги засенија првите парламентарни избори во земјата, по соборувањето на претседателот Хосни Мубарак.