Потона руска нафтена платформа, најмалку четворица мртви

Илустрација: Нафтена платформа.

Најмалку четворица луѓе загинаа, а 49 се водат како исчезнати откако платформа за дупчење нафта за преврте и потона во близина на островот Сахалин на рускиот Далечен Исток. На платформата, што се наоаѓала на неколку стотини метри од островот, имало 67 луѓе.

Властите соопштија дека 14 луѓе се спасени, додека судбината на останатите се уште е непозната.

За време на превртувањето на платформата дувал силен ветар, а температурите биле под нулата.