Ослободување на нови 500 палестински затвореници во Израел

Ослободени палестински затвореници се молат по ослободувањето.

Израел треба денеска да ослободи уште 500 палестински затвореници, во втората фаза од договорот со Хамас за размена на заробен израелски војник за палестински затвореници. Во првата фаза на 18 октомври беа ослободени околу 450 затвореници. Израелскиот војник Гилад Шалит, кој беше држен во заробеништво 5 години, беше ослободен пред два месеци.