Груевски-Кој верува ќе успее!

Грција треба да смогне сила да ја помогне интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ и да покаже добра волја за добивање на датумот, рече премиерот Никола Груевски на годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
На пресудата во Хаг, според Груевски треба да се гледа како на големо придвижување во надминувањето на блокадите со кои се соочува земјата на полето на евроатлантските интеграции. Но тоа треба да биде и битен катализатор за создавање подобри пријателски и добрососедски односи со Грција, рече Груевски.

Тој посочи дека и Македонија треба да продолжи со одговорното однесување.

„Тоа е она што е нашата најсилна предност и не краси сите овие години. И треба да имаме верба и да веруваме. Да веруваме во вредностите на НАТО и ЕУ кои тие сами ги декларираат. И покрај разните влијанија и подметнувања кои може да се очекуваат од некои структури, нашиот најдобар одговор ќе биде одговорното однесување. Кој верува ќе успее“, рече Груевски