Иран-уапсен шпион кој работел за САД

Логото на иранското министерство за разузнавање

Од иранското министерство за разузнавање соопштуваат дека уапсиле еден човек кој работел за американската централна разузнавачка агенција. Од иранското министерство не откриваат детали кој е човекот и кога го уапсиле наводниот шпион на ЦИА. Од таму велат дека веруваат оти човекот е државјанин на САД и дека во земјата дошол од воена база во Авганистан, од каде се упатил во Иран за да шпионира.
Иранското министерство дознало за човекот уште додека бил во Авганистан, но чекале да ја премине границата за да го уапсат. Иран често соопштува дека уапсиле шпиони кои работат за САД или за Израел, но не ги презентираат сите докази.