Повторно протести во Москва за изборите

Во центарот на Москва и денеска има демонстрации на кои се бара повторување на парламентарните избори во Русија од 4-ти декември. Денешните протести ги организира либералната партија Јаблоко. Претседателот Дмитриј Медведев и премиерот Владимир Путин ги отфрлија повиците за повторување на изборите, а новата Дума се очекува да ја одржи првата сесија во новио состав во среда, 21-ви декември.