Руски рибарски брод заглавен кај Антарктикот

Екипажот на рускиот рибарски брод, кој заринкал во близина на Антарктикот, го чека пристигнувањето на воениот авион на Нов Зеланд, со кој ќе му биде доставена храна и опрема. Бродот со 32-ца членови на екипажот веројатно удрил во подводна санта мраз, при што бил оштетен. Спасувачките активности ги координира Нов Зеланд, од каде што соопштија дека ќе бидат потребни 3 до 4 дена за спасувачиот брод да стигне до рускиот, поради комплицираното пловење во тие води.