Над 180 загинати во невремето на Филипини

Над 180 луѓе загинале, а уште 400 се водат како изчезнати во големите поплави и лизгање на земјиштето на Филипините, предизвикани од тропска бура. Бурата вчера најтешко го погоди јужниот регион Минданао. Претставник на армијата изјави дека околу 10 илјади војници се вклучени во акцијата за спасување и потрага по преживеани.