Средба на Трајко Вељаноски со Борис Тадиќ

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски на денешната средба со српскиот претседател Борис Тадиќ ги истакнал, како што се наведува, високоразвиените односи меѓу двете држави и народи, кои постојано се надградуваат и посебно ставил акцент врз заедничката иднина во рамките на процесот на интеграција во Европската унија.
- „Како парламент ние сме подготвени со нашите српски колеги да ги споделиме сите искуства во тој процес. Треба да се има предвид дека нашата билатерална соработка не само што е во наш заеднички интерес, туку и во интерес на целиот регион и неговата евроатлантска перспектива“, изјави Вељаноски.