Ердоган бара од Саркози да го блокира законот за ерменците

Реџеп Таип Ердоган

Турската агенција Анадолија објави дека премиерот Реџеп Таип Ердоган побарал од францускиот претседател Никола Саркози да го блокира законот со кој за кривично дело ќе се смета отрфлувањето дека масовните убиства на ерменците за време на Отоманската империја било геноцид. Ердоган во писмото до Саркози предупредува на сериозни последици во билатералните односи доколку овој закон биде усвен во францускиот парламент на 22 овој месец. Турција тврди дека убивањето на над 300 илјади ерменци било последици на тогашните нереди во тој регион, а не геноцид.