Одредени двојките за осмина финалето во Лигата на шампионите

Во седиштето на Европската фудбалска федерација Нион, денеска со жрепка беа одредени двојките за осминафиналната рунда во Лигата на шампионите.
Извлекувањето донесе две италијанско - англиски пресметки. Наполи за кој настапува Горан Пандев, за противник ќе го има Челзи, додека Милан ќе игра против тимот на Арсенал. Вториот македонски претставник во ЛШ, Иван Тричковски со својата екипа АПОЕЛ од Никозија ќе се бори со францускиот Олимпик Лион. Другите двојки се: Базел - Баерн Минхен, Баер Леверкузен - Барселона, ЦСКА Москва - Реал Мадрид, Зенит - Бенфика и Олимпик Марсеј - Интер. Првите натпревари ќе се одиграат на 14 и 15 односно 21 и 22 февруари, додека реванш натпреварите на 6 и 7 односно 13 и 14 март следната година.