Рускиот конвој од Јариње тргна кон Косовска Митровица

Конвојот со руска помош за србите на северот во Косово кој од вторникот беше блокиран на преминот Јариње, тргна денеска во правец на Косовска Митровица во придружба од три возила на Еулекс.
Хуманитарната помош од Русија ќе биде предадена на Црвениот крст на Србија во Звечан.
Станува збор за конвој од 25 камиони со околу 300 тони хуманитарна помош кој беше запрен бидејки царината на ЕУЛЕСК бараше руската страна да прифати придружба од полицијата на Еулекс, тврдејќи дека се работи за вообичаена процедура за големи конвои или колоната да се пренасочи кон преминот Мердаре. По преговори на највисоко политичко ниво меѓу Москва и Брисел, постигнато е компромисно решение да се прифати придружба од Еулекс во помал обем.