Расправата за измените на Законот за радиодифузија продолжува денеска

Собранието на Република Македонија синоќа ја прекина расправата по измените на Законот за радиодифузна дејност во прво читање. Расправата по оваа точка од дневниот ред на 16. седница ќе продолжи денеска. Со измените се предлага зголемување на радиодифузната такса од 130 на 190 денари и изедначување на времето за рекламирање со другите радиодифузери. На јавниот радиодифузен сервис му се овозможува да емитува и игри на среќа, а се пропишува мандатот на членовите на работодавниот орган да биде три години со можност за реизбор.