ММФ- Изгледите за светското стопанство се песимистички

Директорот на ММФ Кристин Лагард изјави дека прогнозите за глобалното стопанство се доста песимистички во овој момент и дека ќе биде потребно сите земји да преземат конкретни мерки за да се реши растечката должничка криза во Европа. Лагард рече дека светската економска криза се интензивира и оти напорите за справување со неа треба да почнат во земјите од еврозоната. Лагард исткна дека Европа нема да може сама да ги реши своите проблеми и дека сите земји мора да работат со помош на ММФ на решавање на проблемите на тешко задолжените европски земји.