Исланд ја призна Палестина

Илустрација.

Исланд денеска официјално ја призна Палестина како независна држава и најави дека ќе воспостават дипломатски односи. До признавањето доаѓа две недели откако исландскиот парламент го изгласа овој потег. Според одлуката, Исланд ја признава независноста и сувереноста на Палестина во границите од пред шестдневната војна во 1967 година.