ЕУ загрижена поради нерегуларностите на изборите во Русија

ЕУ изрази загриженост во врска со информациите за нерегуларности за време на неодамнешните парламентарни избори во Русија, на самотот ЕУ-Русија во Брисел.
Претседателот на советот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј, на прес-конференцијата по самитот, рече дека Унијата е загрижена поради нерегуларностите и нефер условите пријавени од набљудувачите и од руската јавност. Тој рече дека ЕУ е загрижена и поради затворањето на демонстрантите.

ОБСЕ го критикуваше начинот на спроведувањето на изборите.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев претходно најави дека Москва ќе даде повеќе од 10 милијарди долари за спас на еврозоната преку ММФ. Тој изјави дека очекува еврозоната да излезе од должничката криза.