Ширак осуден на 2 години затвор, условно

Судот во Франција денеска го осуди поранешниот претседател Жак Ширак на две години затвор условно, поради корупција. Ширак беше прогласен за виновен за проневера на јавни фондови додека бил градоначалник на Париз од 1977 до 1995-та година. Од 1995-та до 2007-ма година, Ширак беше претседател на Франција. Тој не присуствуваше на изрекувањето на пресудата од здравствени причини.