Панета-безбедноста во Авганистан се движи во позитивна насока

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Пaнета изјави дека безбедносната ситуација во Авганистан се движи во позитивна насока и покрај нападите на милитантите и другите видови на насилство кои продолжуваат и натаму.
Панета говорејќи на заедничка конференција со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи рече дека американските војници заедно со нивните сојузници се во процес на постигнување значаен напредок, но предупреди дека мисијата се уште не е завршена.