Путин ќе одговара на прашања на граѓаните

Рускиот премиер и претседателски кандидат Владимир Путин

Рускиот премиер и претседателски кандидат Владимир Путин денеска на телевизија ќе одговара на прашањата на граѓаните од целата земја. Неговиот потпарол Дмитри Песков изјави дека Путин е подготвен да даде одговор на сите прашања, меѓу кои и за протестите за наводните нерегуларности на парламентарните избори на 4 декември.
Според резултатите партијата на Путин за Обединета Русија останува најголемата партија во Думата, но со намалено мнозинство.