Меѓу Македонија и Албанија само со лична карта

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Албанија, Никола Попоски и Едмонд Хаџинасто.

Македонија и Албанија потпишаа спогодба, граѓаните на двете земји да може да ја поминуваат меѓусебната граница само со биометриска лична карта. Спогодбата ја потпишаа шефовите на дипломатиите на двете земји, Никола Попоски и Едмонд Хаџинасто, денеска во Тирана.

По стапувањето во сила на Спогодбата на македонските и на албанските државјани ќе им се овозможи да влегуваат, излегуваат, транзитираат и краткорочно престојуваат до три месеци во секој шестмесечен период, сметано од денот на првото влегување, со важечки биометриски лични карти.