Петмина загинати во рускиот дел на Кавказот

Руски сили на Кавказот.

Пет луѓе загинаа, а тројца се ранети во денешните насилства во кавкаскиот дел на Русија. Агенцијата Интерфакс објави дека руските војници убиле четворица бунтовници во планинските области во републиката Кабардино-Балкирија. Во друг инцидент, бунтовниците убиле полициски инспектор во заседа во пристанишниот град Касписк на Каспиското Езеро. Тројца руски армиски инжинерци, пак, биле ранети во експлозија на бомба во република Ингушетија. Бомбата била далечински активирана.