Чешките пратеници сакаат претседателот да се бира на непосредни избори

Чешкиот парламент.

Чешкиот парламент изгласа амандман на Уставот со кој претседателот на држвата ќе се бира на непосредни избори. Сега, претседателот се бира со гласање во Парламентот. Предлогот го поднесоа пратеници на владејачката централно-десничарска коалиција, но за амандманот гласаа и пратениците од најголемата опозициска Социјалдемократска партија.

За да стапи во сила, амандманот мора да биде изгласан и од Сенатот, каде што мнозинството го имаат социјалдемократите. Ако и Сенатот го изгласа амандманот, новиот претседател на Чешка на изборите во 2013 година ќе се гласа на непосредни избори.

Актуелниот претседател Вацлав Клаус нема право да се кандидира зашто ова му е втор последователен мандат на фунцијата.