Напаѓачот од Лиеж се самоубил со куршум во глава

Напаѓачот Нордин Амрани се самоубил.

Напаѓачот од Лиеж, 33-годишниот Нордин Амрани се самоубил пукајќи си во глава, откако вчера уби 5 луѓе и рани повеќе од 120, соопшти белгиското обвинителство. Мотивите за нападот се уште се непознати, но се исклучува можноста дека е поврзан со тероризам. Полицијата претходно соопшти дека нашла тело на мртва жена во станот на напаѓачот.