Во Египет уште една рунда гласање

Во Египет денеска се одржува уште една рунда гласање на првите слободни избори откако во февруари годинава беше соборен од власт Хосни Мубарак. Во оваа рунда можат да учествуваат скоро 19 милиони граѓани. Исламистичките партии, предводени од Муслиманското братство се надвеваат да го повторат успехот од првата фаза на гласањето во минатиот месец кога добија две третини од гласовите. Изборите во Египет траат шест недели.