Малики бара поголема поддршка од САД

Ирачкиот премиер Нури ал Малики

Ирачкиот премиер Нури ал Малики побара повеќе американски компании да дојдат во Ирак и да помогнат во обновата на економијата на таа земја. Малики кој престојува во Вашингтон изјави дека Соединетите држави ги имаат најдобрите компании кои можат да придонесат за развој и други стопански гранки, а не само на нафтената индустрија.