Палестинците бараат од ОН акција против Израел

Ријад Мансур

Палестинскиот амбасадор во ОН Ријад Мансур повика на акција против Израел. По неговата средба со претседавачот на Советот за безбедност за декември, рускиот амбасадор Виталиј Чуркин, Мансур изјави дека планира да се сретне и со другите членки на ова тело. Тој додаде дека бара акција против израелското продолжување на градењето населби во окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим.
Израел и неговиот главен сојузник САД, инсистираат на тоа дека само мировен договор може да етаблира широко призната палестинска држава. Меѓутоа, Палестинците велат дека биле трпеливи за време на 20-годишните бескорисни разговори.