Наредната недела конститутивна седница на новиот руски парламент

Пратениците ја пеат националната химна на последната седница на претходниот состав на Долниот дом на државната Дума во Москва.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев најави дека првата седница на новоизбраниот парламент ќе се одржи на 21 декември. Медведев ова им го соопшти на лидерите на четирите парламентарни партии, и покрај тоа што се уште трае проверката на обвинувањата за изборни нерегуларности. Тој најави дека планира да и се обрати на нацијата на 22 декември, два дена пред најавениот опозициски протест во Москва.