Најмалку двајца загинати и 25 повредени во нападите во Белгија

Спасувачи ги евакуираат повредените од нападот во Лиеж.

Најмалку двајца луѓе загинаa, а повеќе од 25 се повредени, кога најмалку двајца напаѓачи почнале да пукаат и фрлале рачни бомби на автобуска станица во центарот на Лиеж во источна Белгија.

Според првичните информации, едниот од напаѓачитe е меѓу загинатите. Нападот се случил во близина на градскиот суд и преполниот божиќен пазар. Вториот напаѓач наводно избегал во судот, кој е опколен од полиција.

На автобусите им е забрането да се движат во центарот на градот.

Засега нема информации за мотивите на нападот.