Американскиот министер за одбрана во посета на Авганистан

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета.

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета денеска пристигна во Кабул да ја потврди решеноста на САД да се повлече од Авганистан и да им ја предаде грижата за безбедноста во земјата на авганистанските сили. Панета треба да се сретне со претседателот Хамид Карзаи и со авганистанскиот министер за одбрана Абдул Рахим Вардак.

Панета ќе се сретне и со командантите на меѓународните сили во земјата.

Предвидено е 10 илјади американски војници да се повлечат од Авганистан до крајот на годинава, а уште 23 илјади до септември наредната година.