Палестинското знаме подигнато пред зградата на УНЕСКО

Палестинското знаме за првпат е подигнато над седиштето на УНЕСКО во Париз.

Палестинското знаме за првпат е подигнато пред седиштето на УНЕСКО во Париз. Палестинскиот претседател Махмуд Абас присуствуваше на церемонијата. УНЕСКО е првата агенција на ОН што пред неколку недели ја прими Палестина како полноправна членка.

Палестина беше примена во УНЕСКО на 31 октомври, по што САД се повлече од финансирањето на агенцијата.

Палестинците бараат и полноправно членство во ОН, но Вашингтон се закани дека ќе стави вето, образложувајќи дека преговорите со Израел треба да бидат во прв план.