Јулија Тимошенко повторно на суд

Затворот во Лукианивск

Украинскиот опозиционен лидер Јулија Тимошенко денеска ке се појави пред суд во Киев за да се жали на пресудата од 7 години затвор. Таа бара обвинувањата за злоупотреба на власта да бидат отфрлени.
Нејзините адвокати исто така бараат да биде ослободена од затвор поради нарушено здравје. Тимошенко, како што се јавува, не била во состојба да оди.
Во меѓувреме, против Тимошенко е отворен уште еден случај за затајување во време кога водела фирма во 90 тите години на 20 век.