Собранието ќе ја продолжи расправата за минимална плата

Во Собранието на Република Македонија треба да продолжи расправата за Предлог-законот за минимална плата.
Предлог-законот предвидува износот да не биде помал од 8.050 денари нето, односно 12.235 денари бруто. Според министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на вчерашната седница, минималниот износ на плата не е фиксен и ќе се коригира секоја година врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, со пресметување 39,59 проценти од просечната плата во РМ.
Доколку биде усвоен, законот ќе биде во сила од почетокот на 2012, освен во текстилната, кожарската и земјоделската индустрија, каде што ќе има одложена примена до 2015.
Опозицијата го поддржува предлогот, но без негово одлагање.