Протести во Бенгази против новата власт

Илјадници демонстранти протестирале во либискиот град Бенгази за да го изразат своето незадоволство од лидерите кои дојдоа на власт по соборувањето на Моамер Гадафи. Според извештаите, околу 30 илјади демонстранти го исполниле центарот на градот, барајќи промени на либиските привремени власти. Гадафи беше соборен од власт со бунт кој започна со протести во Бенгази.