Клинтон: САД и ЕУ со нови санкции против Иран

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека САД и нејзините европски партнери ќе спроведат дополнителни санкции врз Иран и ќе продолжат да вршат притисок. Клинтон додаде дека „патот по кој се движи Иран е опасен како за државата така и за регионот“.
Таа ова го изјави синоќа по средбата со британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг во Вашингтон.
Минатата недела ЕУ повика на спроведување на дополнителни санкции до крајот на јануари во обид да се зголеми притисокот врз Техеран поради спорната нуклеарна програма.