Оставка поради обвиненија за криминал на парламентарниот спикер во Киргистан

Претседателот на парламентот на Киргистан Акматбек Келдибеков.

Претседателот на парламентот на Киргистан Акматбек Келдибеков денеска си поднесе оставка поради обвинувањата за вмешаност во кривични дела. Негова оставка бараа околу 1.000 демонстранти кои протестираа во јужниот град Ош. Парламентарната комисија што го истражувала Келдибеков, открила дека тој има врски со криминални групи во Киргистан. Тој се состанувал со шеф на криминална група за време на приватни патувања во Дубаи, Истанбул и во рускиот град Астракан оваа година.