Единствена Русија - Извршни функции во Долниот дом и за опозицијата

Спикерот на државната Дума и претседавач со Врховниот совет на Единствена Русија, Борис Гризлов.

Владејачката партија Единствена Русија е подготвена да им даде дел од извршните функции во долниот дом на парламентот и на опозициските партии, изјави денеска спикерот на државната Дума и претседавач со Врховниот совет на Единствена Русија, Борис Гризлов. Разговорите за поделба на позициите, соопшти Гризлов, ќе почнат откако ќе се конституира новиот парламент.