Прохоров ќе му се спротивстави на Путин на претседателските избори

Милијардерот Михаил Прохоров.

Еден од најбогатите Руси, Михаил Прохоров, изјави дека ќе се му се спротивстави на премиерот Владимир Путин и ќе се кандидира на претседателските избори догодина. Тој изјави дека тоа е неговата „најважна одлука“.

Милијардерот Прохоров, кој ја води рударската компанија „Полис голд металс“, е еден од петте најбогати Руси и според магазинот Форбс поседува богатство од околу 18 милијарди долари.

Тој е поранешен лидер на бизис-ориентираната партија „Вистинска кауза“. Партијата освои помалку од 1 процент од гласовите на неодамнешните парламентарни избори. Прохоров ја напушти „Вистинска кауза“ во септември.