Ослободен ирански режисер што соработувал со Би-Би-Си

Oзлогласениот затвор Евин.

Техеран го ослободи од затвор иранскиот режисер Моџтаба Миртахмасеб, кој снимаше документарни филмови за Би-Би-Си. Новинската агенција ИСНА објави дека режисерот вчера бил пуштен од озлогласениот затвор Евин во северен Иран. Тој беше уапсен во септември зашто во Би-Би-Си испратил документарец, критички настроен кон иранската власт. Програмата на персиски јазик на Би-Би-Си е забранета во Иран, но нивната програма може да се гледа преку сателит. Иранската влада го обвинува медиумот дека емитува „анти-револуционерни програми“ со кои поттикнува немири. Државата им забрани на иранските новинари и режисери да соработуваат со британскиот сервис.