Рекорден економски раст во Турција

Турција повторно бележи рекорден економски раст. Според денеска објавените податоци, во третиот квартал од годинава, економскиот раст на Турција изнезува 8,2 насто, што е еден од најголемите во светот. Економскиот раст во Турција во минатата година беше 8,9 насто, оваа година се очекува уште поголем, но за наредната година турската влада предвидува двојно помал раст, главно поради кризата во евро-зоната.