И покрај насилствата, во Сирија денеска локални избори

Во Сирија денеска се одржуваат локални избори и покрај насилствата и протестите против режимот на Башар Ал Асад, кои траат веќе 9 месеци. Пријавени се околу 43.000 кандидати за 17-те илјади места во локалните совети. Се очекува слаб одзив, бидејки опозицијата повика на бојкот, а и без тоа многумина гласачи страхуваат од насилства.